„GitOps“ претставува збирка на начела за одржување и управување на софтверски системи. Овие начела се изведени од современите софтверски оперативни практики, но исто така се вкоренети во претходно постоечките и широко усвоени најдобри практики.
Посакуваната состојба на системот управуван со „GitOps“ мора да биде:
-
Системот управуван од „GitOps“ мора да ја има посакуваната состојба изразена декларативно.
-
Посакуваната состојба се зачувува на начин што наметнува непроменливост, верзионирање и задржува целосна историја на верзии.
-
Софтверските агенти автоматски ги повлекуваат посакуваните декларации за состојбата од изворот.
-
Софтверските агенти постојано ја набљудуваат вистинската состојба на системот и се обидуваат да ја применат посакуваната состојба.